Возила до 5.000 евра
3 возила
До пет илјади евра во Охрид се добива исправно, употребливо возило со поголема километража — обично мало или средно возило од Западна Европа со комплетна историја. Во оваа класа најважна е состојбата, не годината, и тоа е она што го гледаме кога набавуваме.

−200 €Увоз од Германија Volkswagen Polo
1.2 47 kW · 2007
3.200 €
3.400 €190.000 kmБензинРачен64 KS

Увоз од Швајцарија Daihatsu Sirion
1.3 4x4 · 2009
3.999 €
100.000 kmБензинРачен91 KS

−199 €Увоз од Германија Fiat 500
1.2 51 kW · 2009
4.800 €
4.999 €120.000 kmБензинРачен69 KS
Списокот се обновува автоматски, два пати дневно, од огласите на плацот.
Што реално добивате за овие пари
Во овој буџет не купувате ново возило со стара регистрација — купувате возило кое некој го возел десет или повеќе години и го одржувал. Разликата помеѓу добро и лошо возило во оваа класа е поголема отколку во која и да е друга: две исти возила од иста година можат да се разликуваат за илјада евра само по тоа колку редовно било менувано масло. Затоа во оваа класа го гледаме секое возило пред да го купиме.
Што да прашате пред да платите
- Кога е последен пат менуван ременот или ланецот на мотор со таа километража.
- Дали царината е платена и дали возилото е спремно за регистрација — кај нас е.
- Колку ќе чини техничкиот преглед и регистрацијата, за да го знаете вкупниот трошок.
- Што точно не работи на возилото. На секое возило во оваа класа има нешто, и подобро е да се каже.
Секое возило можете да го видите на плацот на ул. 15-ти Корпус 61 во Охрид, без обврска. Ако цената не ви одговара, можете да пратите понуда преку WhatsApp.